Тројца загинати и еден повреден е билансот по денешниот пожар во фабрика за плински боци во Богданци.
,, силен звук и тресок, три експлозии и пламен висок неколку метри. Страшно беше, дотрчав веднаш ваму. Многу силно тресна, јас живеам во близина на 500 метри – велат очевидци.
Според изјавите на очевидци, повредениот кој се наоѓа на возраст од 40 години успеал да се спаси така што скокнал во реката која се наоѓа спроти фабриката.