“Лут сум на Општина Охрид. Прво ме ангажираа за настап за Нова година на охридскиот Плоштад, а на неполни две недели пред највеселата ноќ ми откажаа”, им рече Харис Џиновиќ на пријатели од Скопје по концертот во Метрополис Арената, пишува Вест .
Џиновиќ нема да ги забавува охриѓани на плоштад, но успешно ги забави скопјани на заедничкиот концерт со “Амадеус бенд”.
Со беспрекорниот глас, љубовните кафеански балади, и меракот со кој ги пее Харис е секогаш цар пред скопската публика.
“Амадеус бенд” ја развесели публиката со своите хитови, а менувајќи се наизменично со Џиновиќ на сцената концертот траеше до 2 по полноќ.
Весела публика излегуваше од Метрополис Арената потпевнувајќи си ја “Муштулук”.