Охрид: Студент го хакнал факултетот – си ги имал сите прашања за испити


Дваесет и шест годишниот охриѓанец М.Ш., студент во четврта година на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ заработи кривична пријава поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

hakeriСтудентот од мај до почетокот на септември 2012 година, без дозвола вршел пренасочување на компјутерски податоци – дојдовни пораки во дигитална форма, од доверлива природа, од електронскиот поштенски сервер сопственост на Универзитетот  кон електронската пошта креирана од негова страна.

Имено, студентот користејќи го административниот панел на универзитетот, со употреба на легитимна администраторска е-маил адреса на пристап  и со користење на надворешна ИП адреса, без да поседува авторизирано одобрение од одговорно лице на универзитетот, извршил навлегување и неовластено пренасочување на поголем број дојдовни електронски пораки од доверлива природа, наменети за повеќе професори, асистенти и други лица вработени на Универзитетот.

-Се работи за податоци од финансиски природа за тендерски договори, задачи и прашања за испити, податоци за судски процеси кои ги водел правниот Оддел на Универзитетот и други информации со чија злоупотреба би можело да настане штета врз материјалната и интелектуална сопственост, научно истражувачката дејност, репутација и иден развој на Универзитетот, соопштуваат од полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1