Охридското Езеро доби „Бело знаме“- меѓународен симбол за чиста вода


Пред хотелот „Инекс Горица“ на свечен начин беше подигнато првото бело знаме во Република Македонија, како меѓународен симбол на еколошки третиран дел од крајбрежјето на Охридското Езеро.

Обраќајќи се пред присутните на церемонијата претседателот Ѓорге Иванов истакна дека ова е уште едно признание за Охрид кој веќе се наоѓа на светската мапа по својата чистота, сето она што ни го дала природата, а нашите предци ни го предале нам да го чуваме за идните поколенија.beloto-znameee500

– Ова што денеска се случи во Охрид е на некој начин апел до сите да се грижат за водите, не само во Македонија туку во целиот свет, имајќи предвид што значи чистата вода за човештвото…Нека биде ова мотив не само делови од крајбрежјето на Охридското Езеро да ги чуваме од загадување, туку да се грижиме за него во целина и да го зачуваме за во иднина, истакна претседателот Иванов.

 Говорејќи за значењето на првото бело знаме во Македонија, претседателот на ГУВАА Кристијан Цуревиќ, истакна дека се работи за единствен симбол во светот што означува чистота на водите.

– Белото знаме денеска оди во четири држави, а Република Македонија е една од тие први држави вклучени во оваа кампања. Навикнати сме речиси секогаш да ги следиме светските трендови во областа на екологијата, овојпат од нашите простори создадовме симбол што ќе го следи целиот свет. Белото знаме не може да се купи, тоа мора да се заслужи, истакна Цуревиќ.

Еден од најзаслужните за добивањето на белотознаме, како што посочи тој, е нуркачот Киро Ангелески, кој изминатите две години заедно со група нуркачи од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ учествуваше во бројни акции за чистење на водите во светот и преку тие активности успеа да ја вклучи Република Македонија меѓу првите држави што се дел од проектот „Бело знаме“.

– Токму преку тие активности Македонија го заслужи овој знак, интензивно работејќи за да го добие. „Белото знаме“ за две-три години ќе биде во 60 држави во светот, како синоним симбол на чистите води. За Македонија истовремено тоа многу ќе значи во насока на промоција на туризмот и луѓето кои ќе ги привлече на ова прекрасно езеро, додаде Цуревиќ.

Инаку „Белото знеме“ како симбол првпат било поставено во Монако, Франција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1