Охриѓанец е пронајден мртов во водите на Охридското Езеро, во близина на плажата Сараиште, што се наоѓа кај стариот дел на Охрид.Беживотното тело на 61-годишниот маж е пронајдено вчера околу 18 часот од страна на капачи кои веднаш ја известиле полицијата.
На лице место пристигнале екипи на полицијата, Службата за итна медицинска помош и обвинител, при што била констатирана смрт.
Причините и околностите под кои настапила смртта ќе ги покаже истрагата и обдукцијата.