Охриѓани изградиле локал на туѓо земјиште – дури и му се заканувале на сопственикот што си го бара


Двајца охриѓани бесправно изградиле угостителски објект и плажа во населбата Св. Стефан во Охрид, а кога нивен сограѓанин го купил земјиштето за да го користи, тие му се заканувале со цел да се откаже од таквата намера.

ohridЛицата Ј.М. (35) и Ц.М. (36) од Охрид од 15. јуни 2010 до 15 јуни. 2011 имале право на користење на земјиште со површина од 264 метри квадратни на крајбрежјето во населбата Св. Стефан во Охрид, кое е во сопственост на МПЦ Дебарско-кичевска епархија.

По истекот на едногодишниот договор, Ј.М со лицето И.К. од Охрид бесправно го продолжиле користењето на просторот во 2012 и 2013 година, бесправно го уредиле за обавување на угостителска дејност, го користеле и го издавале под закуп на други лица. Тие неовластено извеле градежни активности, поставиле угостителска опрема, без добиена согласност од ЕВН користеле електрично напојување и без добиена согласност од ЈП„Проаква“ користеле водоснабдување.

Во 2013 сопственикот на угостителскиот објект „Свис“ склучил договор за купување на истото земјиште што се наоѓало непосредно до неговиот локал. Но, тој не го остварил корисничкото право поради сериозните закани што му ги упатиле Ј.М. и Ц.М.

Тие го присилувале сопственикот на „Свис“ да им ги конпензира нивните претходно направени трошоци од повеќегодишното  средување на просторот со плажата, што според нивна пресметка изнесувала околу 100.000  евра.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М. и Ц.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1