Охриѓани претепале сограѓанин во казино: „Ако не ми дадеш 1000 денари ќе те искршиме“


На 10.02.2017 година во 07,25 часот телефонски во ПС-Охрид, С.С.(54) од Охрид, пријавил дека истиот ден околу 06,30 часот отишол во казиното „Адмирал“ лоцирано на ул.„Партизанска“ и при влегувањето помеѓу две врати го пресретнале лицата Ф.А. и А.Ф. од Охрид, по што А.Ф. му побарал 1.000 денари, но С.С. одбил да му даде.svr ohrid

А.Ф. му рекол или да му даде пари или ќе го истепа, а потоа заедно со Ф.А. го фатиле за рацете и почнале да го удираат со тупаници во пределот на главата, воедно А.Ф. му зел 10.000 денари кои ги држел во раката, и продолжиле да го удираат по телото.

С.С. успеал да влезе внатре во казиното, но А.Ф. продолжил да го удира со тупаници, по што С.С. паднал во безсознание. На С.С. му е укажана лекарска помош во МЦ-Охрид, од каде е префрлен во Болницата Св.Еразмо и му е констатирана ТТП (фрактура на нос, набиеници по главата и лицето, крвен подлив околу окото и рана на устата).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1