ОЈО нареди истрага против 9мина за легализација на дивоградби, се бара куќен притвор


Скопското Јавно обвинителство донесе наредба за истрага против девет лица осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица и тоа: за едно лице за сторени две кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353в ст.3 во врска со ст.1 и од чл. 353в ст.2 од Кривичниот законик, за две лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 од Кривичниот законик, за едно лице за сторени две кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 и од чл.353. ст.2 од Кривичниот законик, за едно лице за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353. ст.2 од Кривичниот законик, за едно лице за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353. ст.2 во врска со чл.23 од Кривичниот законик, за три лица за сторено Кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353. ст.3 во врска со ст.1 и во врска со чл.23 од Кривичниот законик“, соопшти попладнево Обвинителството.

Лицата, како што се наведува во соопштението, се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправни објекти, со што нанеле штета во висина од 4.100.090 денари.

„Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе и Предлог за определување мерки за обезбедување за шестмина од осомничените. Како мерки за обезбедување се предложени: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат во суд и одземање на патна исправа“, велат од ОЈО Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1