ОЈО отвора постапка за незаконско работење на СЈО – падна истражител на Јанева и приватен детектив


Без судска наредба, истражител од обвинителството на Катица Јанева и приватен детектив од Берово, незаконски снимале приватни објкети, објави порталот Пресс 24.

Пресс 24 ексклузивно ги дознава кои се причините за последниот политички театар на Катица Јанева и приведувањето на две лица во полициската станица во Центар.katica-i-lence

Пред неколку дена околу пладне од страна на полициски службеници кои обавувале редовни задачи биле забележани две лица како фотодокументираат објект, а веројатно и лица кои влегувале и излегувале од објектот. Истите биле со патничко возило Опел Астра и откако бил направен обид да бидат легитимирани, едно од лицата дури и се дало во бегство по што било запрено и било извршено службено дејствие легитимирање.

Од страна на службените лица е утврдено дека станува збор за А.Л. кој бил вработен во СЈО како истражител и А.Е. од Берово, приватен детектив од детективска агенција „Детектив – Објектив“ од Берово, која е во негова сопственост. Во првичниот разговор извршен со А.Л. истиот негирал дека со неговиот мобилен телефон вршел фотодокументирање на објект или на лица кои влегувале и излегувале, објаснувајќи дека таму се упатил заради оперативни потреби. Приватниот детектив А.Е. кажал дека дошол таму на барање неговиот пријател, истражителот А.Л. и дека пријателот бил тој што вршел фотодокументирање без да ги знае причините за ваквите дејствија. Од двајцата се одземени камери, апарати и картички и веднаш се повикани полициски службеници од полициската станица во Центар за да го документираат настанот.

Ниту еден од нив немал судска наредба за да презема дејствија какви што биле преземани, односно да фотодокументира објекти и лица. Откако двете лица биле повикани во полиција поради сомненија дека сториле кривично дело по член 152 од Кривичниот Закон „Неовластено снимање“, со нив е извршен разговор во за што се изготвени и службени белешки.

Драмата се случила вечерта, откако околу 22.00 во полициската станица во Центар пристигнала Катица Јанева која го прашала истражителот зошто е во полиција, а овој и одговорил дека имал службен разговор со полицајците и им рекол дека веќе дал исказ дека неговиот телефон го предал на обвинителот Гаврил Бубевски. После ова Јанева избувнала и со висок тон почнала и лично да го навредува со зборовите „Кој Гаврил, каков Гаврил, која Катица, дали ти знаеш дека те преземавме по чл 50, на кого ти овде треба да поднесуваш изјави, излегувај пред мене одма, излегувај одовде“… гласно зборувала Јанева.

Press24 уште вчера за ова побара став од Специјалното Јавно обвинителство, но обвинитлката Ленче Ристовска, која фигурира како портпарол на СЈО, не одговори на нашата порака.screenshot2016-10-25-13-41-10

Став побаравме и од Јавното обвинителство.

„Во врска со Вашето прашање, Основното јавно обвинителство Скопје Ве известува дека од страна на МВР бевме известени дека од страна на овластени службени лица од МВР, две лица биле затекнати како од возило вршат следење и снимање на лица и објекти.

Заради утврдување на идентитет и легитимирање на истите едно овластено службено лице непосредно со легитимирање го запрел возилото по што едно од лицата кои го вршеле следењето и снимањето се дало во бегство.

Легитимирањето на двете лица имало за цел утврдување на идентитетот и овластувањата за постапките кои ги презеле. Следење на осомничени лица и снимање на објекти на осомничени лица може да се врши само со судска наредба за посебни истражни мерки, а во конкретниот случај таква судска наредба не била издадена.

Повеќе од дваесетина минути затекнатите лица одбивале да се легитимираат и идентификуваат по што веднаш бил известен ЦИК при МВР. Потоа на лице место дошол униформиран полицаец од ПС Центар, па на негово барање до двете лица да се јават во полициска станица, самите доброволно се упатиле во ПС Центар каде бил извршен разговор со истите.

По овие дејствија МВР го извести дежурниот јавен обвинител. Дополнително до ОЈО Скопје е доставено и писмено известување со пропратна документација.

-Во врска со писменото известување и пропратната документација Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка за настанот.“ – велат од ЈО за Press24.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1