ОЈО: Пронајдениот маж на Бистра е еден од исчезнатите татко и син


Основното јавно обвинителство од Гостивар издаде наредба за обдукција на машки труп во распаѓање, пронајден во месноста викана Кош во непристапниот терен кој води од Лазарополе кон Гари. Обдукцијата ќе се врши на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје,извести ОЈО.policija akcija 22

„Првичните сознанија упатуваат дека починатото лице е еден од двајцата исчезнати – татко и син по кои се трагаше во изминатиот период на падините на Бистра. Сепак, обдукцијата треба да го утврди точниот идентитет на жртвата и причините за смртта., велат од обвинителството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1