ОЈО утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид


Основното јавно обвинителство Охрид го доби Секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид.
Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала сепса.

-Детето првпат беше примено на 25 август и по препишана терапија пуштено дома. Поради влошување на состојбата истото во два наврати било донесено во охридската болница, последниот пат без знаци на живот, се наведува во соопштението на Јавно обвинителство на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство Охрид утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1