Оклопни возила одат кон Гошинце, дел од новинарските екипи се спречени


 Пред 5 минути кај браната во Липковско поминал конвој од 7-8 оклопни возила кои одат кон Гошинце, а неколку новинарски екипи, меѓу кои и НОВА се спречени да продолжат, тврдејќи дека не било безбедно и таква била наредбата за полицијата од нивниот шеф, јавува НОВА.

Foto - Nova tv

Foto – Nova tv

Според МВР, околу 2 часот и 30 минути по полноќ, поголема група од 40 лица ја нападнаа караулата Гошинце во близина на северната граница. Лицата биле добро вооружени и носеле маскирни униформи со ознака на УЧК. При нападот биле заробени 4 полициски службеници кој во моментот биле дежурни во караулата.

Од МВР информираа дека лицето кое ја предводело групата на алабански јазик преку преведувач им се обратил на врзаните полицајци со следниве зборови „Ние сме од УЧК, пренесете дека ниту Ахмети, ниту Груевски не може да ве спаси. Ние сакаме наша држава и не сакаме никакви Охридски договори, повеќе никој не смее да дојде нагоре. Доколку вас или било кој друг фатиме повторно сите ќе ве ликвидираме“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1