Oколу 15.000 крокодили побегнаа од фарма во Jужна Aфрика


Околу 15.000 крокодили избегаа од една фарма за одгледување на овие животни во Јужна Африка, по поројни дождови и големи поплави. 

krokodilСопственикот на фармата изјави дека морал да ги отвори влезовите за да не дојде до уривање на фармата, што била поплавена од надојдените води на реката Лимпопо.
Во поплавите само во оваа провинција досега се загинати десет лица, соопшти јужноафриканската полиција.
Многу од избеганите крокодили биле вратени во фармата, но повеќе од половината се водат како загубени.

Фармерите тврдат дека најголем број од избеганите крокодили сега се кријат околу реката.  Фармата важи за туристичка локација и сврталиште за странски и домашни туристи. Нејзината локација се наоѓа во близина на границата со Боцвана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1