На Бит Пазар засега е мирно, а полицијата е на терен. На улиците е забележано големо присусто на полицајци, оклопни возила и водени топови.
Група демонстранти од Јајапашината џамија тргнаа кон Бит-пазар. Според процените, насобрана е толпа од околу 2.000 лица. Полицијата е на терен, подготвена со водени топови и со шок-бомби. Демонстрантите засега протестираат мирно.
демонстрантите соочени со полициското обезбедување продолжуваат со извиците „Голема Албанија“, „Јанкуловска теорист“. Илјадниците демонстранти носат транспаренти со натписи: „Сакаме Слобода“, „УЧК не е ДУИ“, „УЧК е со народот“.
ФОТО: КУРИР