На местото каде што падна малезискиот Боинг 777 повторно се слушаат артилериски експлозии, пренесува РИА „Новости“.
Се забележува дека се слушаат поединечни експлозии, но и рафални, слични на работата на системот „Град“.
На 17 јули се случи авионска несреќа во која малезиски Боинг 777 падна на територијата контролирана од самоодбраната во Украина. Како резултат на падот загинаа сите 298 лица кои се наоѓаа во авионот.