Оливер Андонов е нов министер за внатрешни работи


Собранието на РМ го избра Оливер Андонов е нов министер за внатрешни работи. Во салата беа присутни 105 пратеници од кои 65 гласаа „за“, а никој не гласаше против. Тој веќе ја положи заклетвата во Собранието.sobranie nadvor

Оливер Андонов е новиот министер за внатрешни работи, кој доаѓа на местото на Митко Чавков кој денеска поднесе оставка. Предлогот на Владата во Собранието вечерва беше поддржан со 65 гласови „за“, ниту еден против и воздржан. На гласањето не присуствуваа пратениците од СДСМ.

Андонов, според договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии треба да биде дополнителен заменик-минситер за внатрешни работи во Владата која би требало да се изгласа во Собранието утре.

Се очекува премиерот Емил Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР. Расправата по предлогот почна попладнево.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1