Оливер Драгојевиќ откри дека има тумор


Деновиве низ Сплит се проширила вест дека хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ е во тешка здравствена состојба, односно дека боледува од рак на бели дробови, пренесе хрватскиот портал „100 посто“.

– Тој веќе извесно време прави контроли и прегледи. Доста е ослабен и допрва треба да се види како ќе напредува неговото лекување – додале извори од болница.

Пејачот за „100 посто“ признал дека е болен, но не сакал да споменува рак на бели дробови.

– Да, болен сум и во моментов сум во процес на анализи. Треба да се види со какви методи ќе се лечам, најдено е туморозно ткиво – изјавил Драгојевиќ и додал дека неговата болест не е предизвикана од пушење цигари, туку од старост.

Оливер Драгојевиќ има 69 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1