Оливер Драгојевиќ паднал во кома


На Божикна прослава, градоначалниот на Загреб Милан Бандиќ на пријателите им соопштил непријатна вест, објави Макс портал.

– Додека патував до тука, ми јавија дека Оливер Драгојевиќ паднал во кома. Да се молиме за неговото здравје – рекол Бандиќ.

Оливер веќе неколку месеци се бори со тешка болест, а деновиве беше објавено дека поради здравствени причини, 70-годишниот пејач ги откажал сите концерти „ОЛИВЕРовите 70“, сè до крајот на лекувањето.

Откако му беше дијагностициран карцином, Оливер се повлече од јавноста иивремето го поминува со своето семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1