Легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ почина на 29 јули во раните утрински часови, а погребот беше одржан во неговата родна Вела Лука.
Испраќањето започна со инструментални песни на Оливер, кои беа проследени со солзи и воздишки на насобраните.Илјадници луѓе се простуваа од Оливер Драгојевиќ.
„Оливер, ќе останеш трајно и вечно во нашите срца. Знам дека не би ти било мило да ти правиме многу фалби, бидејќи никогаш не си сакал да бидеш во центарот на вниманието. Имај мирно море“, рекла градоначалничката на Вела Лука, Катарина Бикиќ…
Вела Лука – Семејство, пријатели, соработници и обожаватели на гробиштата Св. Роко го испратија Оливер Драгојевиќ на вечното почивалиште.
Бројни граѓани веќе во три часот чекаа за последен пат да му се поклонат на својот омилен музичар. Оливер дојдоа да го испратат музичарот Гибони, актерот Енис Бешлагиќ, поранешниот кошаркар Дино Раѓа со неговата сопруга Викторија, музичарите Лаки и Доменика Жувела.
Двојката, Раџа, не можела да ги задржи солзите, а поранешниот кошаркар на Оливер му испратил и последен бакнеж.