Оливера Трајковска на нејзиниот профил на Фејсбук потврди дека емисијата Win-Win е прекината и повеќе нема да се емитува на Алфа телевизија, пишува а1он.
„Доколку циклусот емисии продолжи да се емитува на друга телевизиска фрекфенција, пред завршувањето на оваа сезона, ќе бидете навремено информирани“, напишала Трајковска.
На прогармата нема да ја има и „Збор по збор“ на доскорешниот уредник Зоран Иванов . На негово место сега како в.д. уредник е Константин Делимитов, а нов уредник е Коле Чашуле.
Порталите вчера пишуваа дека голем број од сегашните новинари во Алфа ќе бидат избркани.