Нова потенцијално многу опасна игра се шири помеѓу децата во Србија. Се наптреваруваат кој подолго ќе додржи петарда во устата.
Докторите потсетуваат дека од петарди настануваат тешки изгореници на кожата на лицето и рацете, страдаат прстите или цела шака, а може да се изгуби видот и слухот.
Запалените петарди треба да се фрлат барем осум метри далеку, вели продавач на притехнички материјали.
Иако полицијата е во постојан лов на недозволена употреба на пиротехнички средства, како и кај нас така и во Србија петардите ги има во изобилство. Се продаваат на семафори и на пазарите.