Опасни комарци ја цицаат Европа


Во Европа се шират комарци кои дошле од другите делови на светот, зашто тука е се’ потопло, а зимите се се’ пократки. Но и „домашните“ крвопијци стануваат се’ поопасни

komarecПаразитологот Свен Климпел не би имал ништо против ако на светот останат да живеат само машките – се разбира, кога станува збор за комарците. Затоа што, за разлика од многу животински видови, мажјаците комарци се безопасни: тие претпочитаат само растителни сокови и единственото нешто за кое се грижат е барем еднаш да го освојат вниманието на некои од женките.

Но за нас, човечката раса, тие не се никаква напаст и не ги боцкаат луѓето и цицачите, иако и тие брмчат како и женките и во темница е тешко да се распознае нивниот пол. Само ако убаво се погледнат, ќе се види дека вистинските „мажјаци“ имаат влакнести пипала, објаснува Свен Kлимпел.

Сепак, тој не е експерт за инсекти, туку паразитолог и за него само мртов комарец е добар комарец. Секако, тоа пред се’, се однесува на женките комарци кои цицаат поприлична количина на крв. По правило, по еден таков оброк, комарецот е двапати потежок отколку што бил и затоа му е потешко да му побегне на разбеснатиот сопственик на тие два до пет милиграми исцицана крв.

На женките-комарци крвта, односно белковините од неа, им се неопходни за создавање јајца зашто само така комарците може да се размножуваат. Притоа во целата ситуација најлошата работа не е убодот, ниту лесната инфекција која потоа не’ тера да се чешаме неколку дена, туку она што комарецот може да го остави во крвта на жртвата – од вирус, паразити, па до ларви на црви. Тоа може да бидат многу опасни болести, од маларија, африканска трипаносомијаза, па до чикунгунија или денги треска.

320386_komarci-01-ifas.ufl.edu_fНекогаш комарците ги пренесуваа таквите болести по Африка, Азија или Латинска Америка, но се’ почесто тие егзотични комарци може да се сретнат во Европа. Секако не доаѓаат сами зашто комарците, за среќа, се лоши летачи. Но доаѓаат со авионите и бродовите, контејнерите со стока и многу често – со товарите на егзотично овошје или дрвена градба која стигнува во Европа.

Порано тука немаа некоја особена иднина и обично таквите егзотични комарци како азискиот грмски комарец (Hulecoeteomyia japonica), азискиот тигрест комарец (Stegomyia albopicta) или комарецот жолта грозница (Stegomyia aegypti) брмчеле низ Европа неколку месеци, па потоа доаѓала зимата и тогаш тие комарци исчезнувале. Свен Климпел предупредува дека во Европа е се’ потопло, а зимите се се’ пократки и токму затоа тука почнаа да живеат видови на комарци какви што порано не биле познати.

Комарците стануваат сe поопасни

Климпел и неговиот колега Егберт Таних во изминатите две години анализираа преку 75.000 комарци на 55 локации во Германија. Во таа широка анализа пронашле дури педесет видови на комарци, од „домашни“ до прилично егзотични, кои се појавуваат повремено и се’ уште се реткост во Европа.

komarac-630x420Тие стигнуваат со низа на производи кои се увезуваат од далечните краеви. Но она што најмногу ги загрижува сите паразитолози дури не се ни гостинските комарци, туку она што се случува со домашните. „И на домашните комарци им годи топлото време и благите зими. Сега веќе се создаваат по неколку генерации годишно“, објаснува Таних.

Неодамна во еден „германски“ комарец беше пронајдена ларва на кучешки срцест црв (Dirofilaria immitis). Овој паразит е всушност доста раширен во Африка, Азија, а понекогаш може да се затекне и на југот на Европа. Живее во срцето на кучињата, куните и лисици, а преку убодот од комарец може да се прошири и на други животни, но и на човекот. Во принцип, овој паразит во организмот на човекот брзо се уништува, но забележани се и низа на случаи со компликации.

Паразитолозите советуваат дополнително внимание со комарците кои во нашите краишта во наредниот период ќе ги има се’ повеќе и повеќе, особено оние егзотичните и опасни комарци. Во следните десет, најдоцна педесет години, и во Германија ќе има се повеќе случаи на заразни болести кои ги пренесуваат овие мали летачки крвопијци.

Дојче веле

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1