Во тек на редовната анализа на водата за пиење во српското село Сивац, општина Кула пронајдена е опасна бактерија Pseudomonas aeruginosa која предизвикува воспаление на органите, најчесто белите дробови и мозокот.
Според упатствата која ги издала покраинската санитарна инспекција, на локалното население строго им е забрането да конзумираат вода од чешма, која во моментот не е за пиење, но не е ни за готвење и капење.
Редовните анализи на вода во тоа село се прават на секои 15 дена, а резултатите кои пристигнале во вторникот покажале дека во одделни примероци од водата во Сивац пронајдена е трипати поголема концентрација на оваа опасна бактерија.
-Дозволена концентрација е до 10 милиграма по литар, а во некои примероци преминуваше над 30 милиграма, информират од кризниот штаб во општина Кула, кој вчера ги предупреди граѓаните за опасната вода.
Бактеријата Pseudomonas aeruginosa која била пронајдена во водата се смета за една од најопасните бактерии која предизвикува инфекции преку пиење вода. Оваа бактерија може да предизвика гнојна инфекција, воспаление на кожа, очи, средно уво, а со внесување на заразна вода може да дојде до менингитис, воспаление на белите дробови, цревата или уринарниот тракт.