Во текот на утрешниот ден Скопје и целиот повардарски регион ќе бидат во жолта алертна фаза, под опасност од налети на силен ветер.
УХМР веќе ја објави вонредната прогноза. Според нега, утре кон крајот на денот, преку ноќта и во петок претпладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе имаат умерен интензитет.
Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во западниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Од петок попладне следува период на стабилно и суво време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат под нула.