Според податоците кои ги собра американската истражувачка организација „Marinexplore“, повеќето морски површини на Земјата се изложени на забрзано загревање.
Атлантскиот, Пацифичкиот и Индискиот океан се загреани за 1°C, a на некои подрачја дури и до 2°. Но, ова загревање не е рамномерно и некои подрачја, како што е Арктичкиот океан, дури се оладиле.
Загрижувачка е информацијата што Јадранското море е меѓу оние морски повришни кои се изложени на најголемо загревање, што претставува опасност за голем број организми кои живеат во него. Изолацијата на Јадранското море од главните океански струи го прави особено ранлив на кумулативно разгревање.
Повисоката температура значи и помала количина на растворен кислород во него, што ја намалува количината на организми кои може да преживеат во него.
На глобално ниво, промената во температурата на океаните ги загрозува постоечките морски струи, кои делуваат како „бели дробови“ за океаните и го носат кислородот и хранливите материи од ладните предели на светските мориња во потоплите.
Научниците посебно се грижат за фактот што загревањето не е присутно само на површината, туку е забележано до длабочина од 700 метри. Како што поголемиот дел од животот во морето се наоѓа на длабочина од 400 метри, еколозите и океанографите се загржиени дека загревањето би можело да влијае врз целиот живот во морињата, како и тоа дека може да го промени синџирот на исхрана и да влијае врз миграцијата. Исто така, во целот може да го промени животот на сите морски видови, од планктон до китови, во сите мориња на Земјата.