Опомена пред тужба за пожарникар кој за малку не настрада во пожарите – болницата му бара пари за лекувањето


Пожарникар кој за малку не настрада за време на пожарите летоска во Македонија, добил опомена пред тужба од болницата во Штип. Болницата му бара 1200 денари. Александар Горгиевски беше хоспитализиран откако колегите го најдоа онесвестен при гаснењето на пожарите и само нивната брза реакција и помошта од доброволци кој го носеле по непристапен терен до брзата помош, му го спаси животот. Александар по лекувањето не земал ни ден боледување туку веднаш се вратил на работа и продолжил да ги гасне разбуктените пожари.

Тој објави за опомената пред тужба на својот фејсбук профил. Вели дека кога заминал од болница каде бил хоспитализиран поради повредата на работното место, прашал дали треба да се плати нешто но му рекле, не. Еве што друго вели во неговиот пост, ви го пренесуваме во целост.

„ Ова го има само во оваа северна в—-ина и никаде на друго место на свет после два дена од ко загубив близок член на мојата фамилија и ги преживувам најтешките мигови од мојот живот ми стига на врата нов стрес нова нервоза предизвикана од овој наш трул систем па ајде да бидам конкретен да споделам со сите вас за што станува збор 👇

На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци Штипско ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е пружена помош и каде бев згрижен три часа пак ќе напоменам на работно место се случи се и за влакно не го загубив животот благодарејки на Dalibor Gorgiev и моите колеги кој ме најдоа без свест и да не биле тие денес немаше да бидам меѓу живите тие што беа таму знаат добро што пишам .

Истиот ден после нњкочку часа од ко ми се подобри ситуацијата сам побарав да бидам пуштен и од наредниот ден веднаш се ставив на располагање на Тппе Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив и на мојот командир дека од наредниот ден јас ќе си одам на работа иако сите ми велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена јас тоа го одбив .

Од ко ме пуштија прво им се заблагодарив на персоналот вработените на интезивна потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија не треба ништо Ацка терај ми дадоа отпусна листа и си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип ( интезивна нега )

Ова е се само држава НЕ а на менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно му се обраќам акајте ТУЖБА мака немајте не се проблем 1250 те денари проблем е овој трул систем оваа банана држава од која се срамам и јас и секој еден Македонец !

Споделувајте сите да се знае како на нас Пожарникарите кој се боревме на 50 степени со огнените стихии ни враќа системот и институциите секаде ги наградуваат со бонус плата кај нас примаме опомени за тужби 🤷 “

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1