Опомена за станарите: Не ги хранете мачките по влезовите поради опасност од туларемија


Во зградите во неколку скопски населби, вклучувајќи ја и населбата Аеродром, осамнаа известувања до станарите да не ги хранат мачките по влезови бидејќи има опасност да пренесат туларемија.MACKA-300x168

-Мачка може да предизвика туларемија, ако претходно е касната од глушец или крлеж кои ја имале бактеријата. Има теоретска можност болеста да се пренсе и во градските средини, посебно ако редовно не се врши дератизација на канализациите, велат од одделот за епидемиологија од Центарот за јавно здравје.

Од таму уште додаваат дека поради туларемијата ќе се изврши вонредно истребување на глувци.

Од туларемија досега се заразени 23 лица и епидемија е прогласена во Лозово и Каратманово. 4 лица се заболени во Арачиново.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1