Опожарен автомобил во Ченто


Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески случајот бил пријавен на „193“ во 3:05 часот изутрината, а пожарот бил изгаснат во 4 часот.

– Опожарени се делови од возилото и причинета е материјална штета од околу 60 илјади денари. Интервенирано е со едно возило и со четири пожарникари, изјави Томески.

Противпожарната бригада на Град Скопје изутрината во 2:40 часот интервенирала и во стан на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Поради запалена електрична инсталација биле опожарени два метри квадратни и причинета е материјална штета од девет илјади денари.

Случајот бил пријавен на „193“, а во гаснењето на пожарот учествувале три пожарникари со едно возило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1