Синоќа е опожарен автомобил „Сеад Леон“, сопственост на пратеничката Славица Шуманска – Митева. Инцидентот се случил во 1 часот и 30 минути по полноќ во Виница, на улицата „Славчо Стојменски“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека непознати сторители го скршиле стаклото на патничкото моторно возило, ја полеале внатрешноста со запалива течност и го запалиле автомобилот. Полицијата работи на расчистување на случајот.
На вчерашното гласање, регистрирани и други јавни закани и вулгарности кои биле упатени кон пратеници од СДСМ. Врз основа на безбедносните проценки, велат од МВР, се преземаат неопходните мерки за гарантирање на сигурноста и безбедноста на граѓаните и државата.
Во текот на вчерашниот ден, согласно со безбедносните проценки, беше зголемен бројот на полициски патроли во неколку градови во државата, информира МВР, со појаснување дека министерството ги следи тековните случувања и се прават редовни безбедносни проценки.