Опозицијата донесе декларација за обнова на демократијата, слободата и правдата (Видео)


На денешниот конгрес на опозицијата во Куманово донесена е декларација за обнова на демократијата, слободата и правдата во Македонија. Еве што се вели во неа.

opozicija deklaracijaПрво, во наредниот период како и после 24 март 2013, напорите за враќање на земјата на вистинскиот, демократски и европски колосек, треба да станат врвен приоритет за секој граѓанин на Репубклика Македонија.

Второ, на 24 март 2013 година, сите граѓани ќе бидат исправени пред досега најважниот личен, демократски предизвик, сосвојот избор да не учествуваат на вакви локални избори, всушност да дадат влог и да донесат директна одлука за себеси и за сегашноста и иднината на татковината.

Трето, одржувањето на избори на кој учествува само актуелната власт и од нејзе продуцираните лажни опозициски партии и кандидатите се нелегитимни и не можат да обезбедат вистински мандат за претставниците на локалната самоуправа.

Четвро, актуелните опозициски пратеници и кандидатите од листите за парламентарните избори кои се одржаа во 2011 година, ке ги вратат своите мандати на денот на одржување на локалните избори.

Петто, локалните избори на кои еднострано ке бидат прогласени градоначалници и совети без легитимитет, задолжително ке бидат предмет на ревизија со која ќе се превземат соодветни политички и законски механизми за нивно поништување и повторни одржување, после промената на актуелната власт на предвремени парламентарни избори.

Извор – Бриф

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1