Опозицијата најавува можно повлекување на поддршката за реформите


ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги открива партиските планови за дејствување по последната кација на полицијата и приведувањето на триесетина лива меѓу кои и пестмина пратеници на партијата. Од Центарот за комуникации не може да се добие информација кои ќе бидат следните чекори и дали ќе се шират протестните активности.

Во моментов, најголемата опозициска партија својот револт го изразува со секојдневни блокади на раскрсницата кај Мавровка и со 30 минутен протест кој се одржува на различни локации како Кривичниот Суд, Министерството за правда и истражниот затвор во Шутка.

Дали ќе се оди со комплетен бојкот на партиските претставници во сите нивоа на власта, од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат. Во текот на вчерашниот ден, Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од општина Вевчани, од каде е и пратеникот Крсто Мукоски си поднесоа колективна оставка во општинскиот совет. Ден претходно, партиските избраници во Советот на општина Ресен ја бојкотираа седницата.

Од партијата не може да се добие одговор дали станува збор за координирана акција или пак партиското членство самостојно се организира и солидаризира по последните настани.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во игра се сите опции кои ќе овозможат искажување на револтот на демократски начин во рамките на Уставот и законите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1