Додека не се изјасни Уставниот суд за законитоста на Специјалното јавно обвинителство пратениците од СДСМ и коалициските пратеници нема да учествуваат во работатата на Собранието, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција.
Тој појасни дека опозицијата не го напушта Парламентот, туку нема да учествува во неговата работа и го оцени како добронамерен чекор.
– Сите политички партии треба да докажат дека навистина ја поддржуваат работата на СЈО. А ќе ја докажат ако и тие не учествуваат во работата на Собранието. Ова е сообено важно по вчерашното срамно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Договорот од Пржино не може да се смета за одржлив без почитување на правото. Единствениот излез е можен само преку владеење на правото, и исполнување на условите за фер, слободни и демократски избори – рече Заев.
Тој нагласи дека опозицијата се согласува граѓаните да учествуваат во преговарачкиот процес за излез од политичката криза во земјава.