Опозицијата почнува со активен бојкот – се чистат и редовите – членови или се исклучени или си одат


Опозицијата тргнува во активен бојкот. В недала на јавна конвенција Сојузот на иднината ќе ги соопшти идните планови и чекори за бојкотот.
sdsm protestВеќе се крчкаат оставките на членовите на ДИК од опозицијата, на избирачките одбори, а пратеничките отсавки најверојатно ќе стигнат во законодавниот дом на денот на изборите.

И додека од Бихачка веќе наголемо се подготвуваат за отпор на изборите, дел од членови на партијата како и некои од коалицискиот партнер ЛДП веќе почнаа да преминуваат во редовите на другите политички партии.

Најмногу одат во СДУ, пред само неколку дена советничката група на социјалдемократите од Кисела Вода како и член на ЛДП во ДИК доставија советничка листа како членови на поранешната партија на Лазе Еленовски Социјал демократската унија.  И ДОМ доби нови двајца членови од ЛДП .

Од Бихаќка пак велат дека бројот на членови кои заминале од партијата не е голем и дека не може да им нанесе сериозна штета. Но СДСМ пак деновиве си ги чистеше и сама своите редови.

sdsm isklucuva9 високи функционери на локално ниво од СДСМ во Ресен се исклучени од членство во партијата, пишува Дененшен. Раковoдството на општинската организација го изгласало исклучувањето и го препратило до централата во Скопје. Сите се исклучени поради тоа што биле кандидати за советници на независната листа “Обнова за Преспа”. Одлуката е донесена пред два дена.

На списокот исклучени од членство во СДСМ се наоѓаат.

1. Живко Гошаревски – Претседател на Месна Организација во Ресен

2. Сузи Ќоропановска – Актуелен заменик координатор на локалниот клуб на жени на СДСМ

sdsm isklucuva2

3. Нико Пластиновски – член на СДСМ

4. Весна Карапалевска – Поранешен член на ИО на СДСМ во Ресен

5. Ана Прцуловска –  член на ЦО на СДММ

6. Тоше Лабачевски – член на ИО на СДСМ во Ресен

7. Драги Тасевски – член на СДСМ

8. Александра Трајчевска – член на СДСМ

9. Кире Китевски – долгогодишен висок функционер на СДСМ во Ресен, поранешен секретар на општина Ресен, и поранешен член на претседателството на О.О. СДСМ Ресен.

Фото – Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1