Опозицијата со забелешки за изборите


При гласањето на болните лице во повеќе случаи е прекршена тајноста на гласањето. Во затворот Идризово, се вршени притисоци да гласаат за ВМРО, додека во геријатриските установи болните биле уценувани да гласаат за ВМРО под закана дека ќе им биде скрaтено правото на престој. 

marinela sdsmнерегуларности и бројни злоупотреби го одбележуваат гласањето, на прес конференцијата го изјави Маринела Маричиќ Тушева, портпарол на кампањата на СДСМ

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се случаи на уцени, поткуп и притисоци врз избирачи што продолжија и денес. Имаме фотографии од Радовиш, Штип, Кавадарци и Струга на кои се гледа поткупување на гласачите од страна на ВМРО. Во Кичево на избирачките места 736 и 737 од ВМРО им давале по 1000 денари за да гласаат.
Имаме и копија од еден од ваучерите од 500 денари кои биле давани во Виница како поткуп во изборна единица 3 на него стои печатoт на ВМРО и името на носителот на листата – рече Тушева.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1