Има 93 години и никогаш не пропуштил избори – Гласаше најстариот гласач во Кривогаштани


Со своите 93 години Тоше Дунимаглоски, од селото Кривогаштани е еден од најстарите гласачи во прилепско. Досега не пропуштил избори, гласал и во Кралството на СХС, и во Југославија, и во Македонија. Најубаво му било кога гласал во самостојна Македонија.

krivogasti„Се беше за тоа, одевме, се боревме, вошки имавме за кого, за што ? Се разбора за Македонија“, вели Тоше Дунимаглоски, најстар гласач.

Инаку гласањето во Кривогаштани поминува во мирна атмосфера, до 10 часот и за претседател и парламентарните избори гласале 11 %.

Гласањето мирно поминува и во Прилеп. До 10 часот за претседател гласале 18%, а за парламентарните избори 20%.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1