Општините ќе делат бесплатни дрва за бадников оган – Бутел и Гази Баба ги донираат на сиромашни


Општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Центар и Ѓорче Петров набавиле вкупно 400 кубици дрва, во износ од 20.000 евра, а само Бутел и Гази Баба се решија да ги пренаменат за сиромашни семејства, останатите ќе останат верни на практиката – ќе ги подаруваат бесплатно за палење бадникови огнови. 

badnik ogan
Дрвата веќе се купени, па им се делат на месни заедници. Според податоците што ги доставија локалните власти од Аеродром, Kисела Вода, Центар, Kарпош и од Ѓорче Петров, годинава ќе се распределат околу 400 кубици дрва. Имајќи ја предвид цената на пазарот за еден кубик дрва, 50 евра без превоз, тоа значи дека во една вечер ќе изгорат 20.000 евра.

Од Гази Баба изјавија веќе им поделиле по кубен метар дрва за огрев на 70 социјално загрозени семејства, во Бутел одлучиле да им помогнат на 65 семејства – приматели на социјална помош.

Најмногу дрва, за бесплатни празнични огнови, набавиле Аеродром, околу 200 кубици, Kисела Вода – околу 100 и Kарпош 45. Нема да делат за социјални случаи, сметаат дека ним им помагаат во текот на целата година.

– На куќните совети што поднеле барање ќе им доделиле по еден кубен метар дрва. Настојуваме да ја одржиме традицијата, а за тоа има голем интерес. Луѓето сами бараат – велат од одделението за односи со јавноста во Општина Аеродром.

Лекции за заштита од пожари

На платото пред трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром, како и во трговскиот центар во населбата Лисиче, утре од 12 до 13 часот ќе се одржи кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови.

Ќе се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој е традиционален начин за прослава на овој голем христијански празник, но во исто време и потенцијална опасност за настанување пожари – информираат од Општина Аеродром.

Dnevnik

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1