Орбан ги ослободи мајките од плаќање даноци и кредити


Премиерот на Унгарија Виктор Орбан го откри акцискиот план за заштита на семејството во седум точки, кој предвидува поттикнување на младите брачни двојки да имаат деца.

Неговиот план вклучува доживотно даночно олеснување за жените кои ќе родат четири или повеќе деца. Жените помлади од 40 години, при склучување на прв брак можат да добијат заем од околу 32,578 евра. Една третина од заемот ќе биде простен, кога таа ќе роди друго дете, а целиот долг ќе биде отпишан ако роди трето дете.

„Тоа е одговор на унгарскиот народ, а не на миграцијата“, рекол Орбан, кој е татко на пет деца, во неговиот говор за состојбата на нацијата, поздравен со голем аплауз и воодушевување.

„Со тие пари, јас и мојот партнер конечно можеме да размислуваме за купување стан“, рекла 24-годишна Унгарка, наставничка во Будимпешта и мајка на мало девојче. Таа додала дека планираат братче или сестриче, а сега може да имаат две или дури и три деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1