Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата владејачка националистичка партија „Фидес“ може да излезе од десноцентристичката Европска народна партија.
По жестоките критики за медиумска кампања на неговата влада против Европската комисија.
„Дебатата може да заврши со тоа „Фидес“ да излезе од ЕПП“, изјави Орбан во интервју за унгарско радио, откако нему му беше даден две неделен ултиматум да се извини на сите членки на ЕПП.
Унгарија го претвори непријателскиот однос кон мигрантите во централна тема во кампањата за европските избори во мај и стави плакати со обвиненија против претседателот на европската комисија, Жан-Клод Јункер и американскиот милијардер Џорџ Сорос дека се главни заговорници на нелегалната миграција во Европа. Орбан неодамна своите критичари ги нарече корисни идиоти..