Организатор на големи пратки со хероин и марихуана падна во рацете на македонската полиција


Полицијата попладнево го лиши од слобода лицето Амет С., кај кого се пронајдени 100 килограми марихуана, кои сега приведениот преку друго лице сакал да ги транспортира во Турција.marihuana

Според информациите до кои дојдовме, Секторот за недозволена трговија со дрога дошол до сознанија дека Амет С., кој инаку е познат на службата како организатор на поголеми пратки со хероин и марихуана, набавил околу 100 килограми наркотична дрога марихуана и истата ја понудил на граѓанин од Република Македонија да ја транспортира доТурција.

Од полициски извори дознаваме дека истиот му предложил на лицето марихуаната која треба да биде спакувана во два големи патнички куфери да му ја предаде на влезот во Велес околу 19 часот денеска.

Со полициска акција во попладневните часови, случајот е заокружен со лишување од слобода на инволвираното лице и пронајдени се околу 100 килограми марихуана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1