Организаторот на Штипската пастрмајлијада присвоил над 44.000 евра?


СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Џ.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил  кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

denari_191010

-Имено пријавениот во периодот од 11.09.2013 година заклучно со месец октомври 2014 година како одговорно лице, Претседател на здружение на граѓани „Пастрамалијада 2013“ Штип и овластено лице во правниот промет, ја искористил службената положба и овластување и без донесување на писмени одлуки од страна на органите на здружението незаконски потрошил вкупно 2.718.805 денари по различни основи, информираат од МВР.

Пријавениот во повеќе наврати противправно присвоил за себе 396.700 денари, на начин што еден дел во износ од 259.800 денари ги префрлил на сметка на Здружението на трансакциски сметки на повеќе физички лица, кои откако ги подигале му ги давале на рака на пријавениот, а останатиот дел од 136.900 денари, пријавениот во повеќе наврати ги подигал од сметката на Здружението на име материјални трошоци без за истите да достави покритие.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1