Висок американски разузнавач за Асошиејдет прес вели дека уште две експлозивни направи биле пронајдени во близина на местото во Бостон , каде што две бомби експлодираа. Тој изјави дека новите уреди биле деактивирани
Не е сеуште јасно кој бил мотивот.
Полицијата открила дека имало одделна експлозија и во близина на ЈФК библиотеката во Бостон – со ова се потврдуваат информациите дека станува збор за организиран и координиран напад. Експлозивните направи да се активираат во одреден момент.
Полицијата ги алармираше граѓаните да не се движат во близина на кантите за отпадоци, се чешла целиот реон околу местото на експлозиите бидејќи се стравува дека можеби има и други поставени бомби. Според известувањата на медиумите експлодирале 2 бомби една подруга.
Според некои медиуми бројката на жртвите била 12 лица – но официјалните информации засега потврдија дека 2 лица се починати а 28 повредени.