Осакатена девојка: „Тоа ми го уништи животот, имав секс само еднаш“


Марија Каримџи одлучила јавно да проговори за најлошото сакатење на интимата низ кое може да пројде една жена. Таа открила како кога била мала, во Пакистан претрпела обрежување на клиторисот и на кој начин тој чин го уништил нејзиниот живот. Ова е дел од нејзината исповед.siluvano-devojka-1

Кога бев помлада некој му принесе нож на мојот клиторис и отсече мал дел од мене. Беше јули 2010 година во Вашингтон, кога прв пат имав секс и не пројде добро. Имав 22 години, што е старо според стандардите на мојата култура, а момчето со кое бев една година беше подготвено да ме чека.

Тој беше прекрасен, трпелив, искрен, а знаев дека бил со девојки и порано, а јас бев бесна на себе. Бесна затоа што толку многу се плашев од сексот и се вкочанував кога ќе тргнеше со раката надолу. Тогаш одлучив да го пребродам сексот. Читав се за тоа на интернет, под туш вежбав звуци на задоволство и на крајот му реков дека ќе имаме секс до крајот на летото, колку и да боли тоа.

Таа ноќ испив половина шише вино додека тој ме гледаше со двоумење. Се бакнувавме 45 минути, а потоа ме пренесе од двоседот на кревет. Ги затворив очите и се обидев длабоко да дишам. На 3…2…1. После неколку минути, технички имавме секс. Почувствував болка која ми ги прободуваше дури забите и вилицата. Внатрешноста како да ми беше помината со шмиргла. После неколку потези, излезе од мене без да доживее оргазам. Ме бакна во чело и замина во тоалет.

Кога имав седум години и живеев во Карачи, Пакистан, мајка ми ме одведе на доктор и го праша дали е време „да ми ја отстранат бубачката“. После операцијата, два дена носев пелени за возрасни, а мокрењето беше толку болно што трпев со часови.

Кога од Карачи се преселив во Америка ми беше мило, знаев дека таму нема никогаш да се вклопам. Беше 2004 година кога, гледајќи во учебник од анатомија, сфатив дека тоа на сликите не се вклопува со тоа што јас го имам меѓу нозете и дека м е направено нешно ужасно. Ми ги обрежаа гениталиите. Не можев да зборувам со мајка ми. Таа ми го стори тоа. Кога ја соочив ми рече дека и таа поминала низ истото и дека тоа е така за сите Бора девојки.

Заминав на факултет, низ ѕидовите ги слушав студентите како имаат секс, но јас бев невина. Се до оној ден во Вашингтон. Се отуѓивме.

Деновите како да ми се обоени со црвена боја. Некоои денови воопшто немам вера. Ја прашав сопругата на еден од пакистанските религиски лидери што мисли за женското обрежување и таа излезе од собата, додека нејзиниот поглед ме молеше да го повлечам прашањето.

Подоцна тој ден и` рекла на мојата баба да ме омажат што порано. Ѝ кажав на баба ми дека обрежувањето на гениталиите ми го уништи животот. Таа тивко климна и ми рече „и мене ми го уништија“.

Не знам дали веќе некогаш пак ќе имам секс, дали некој ќе ме сака доволно за да пројде со мене низ тоа.

Точка.ком.мк

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1