Оштетените домови на жителите во Диво Насеље ќе бидат 100% обештетени


Владата формираше комисија за проценка на оштетувањата на недвижниот и движен имот во местото каде што се одвиваше акцијата, која во рок од 7 дена треба да излезе на терен и да подготви и достави до Владата извештај за процената на штета. Комисијата е составена од претставници на Владата и Општина Куманово. Владата зазема став да се изврши обесштетување на недвижниот и движен имот во висина од 100% од проценетата штета наведена во извештајот од комисијата.kum1

Владата одлучи на семејствата чиишто домови се оштетени во акцијата во мерка која не дозволува услови за престој во нив, да им се обезбеди сместување во време на периодот потребен за санација на нивните домови, или пак во истиот период додека трае санацијата да добиваат финансиски надомест за закуп на простории (кирија) за живеалишта. Владата одлучи на овие семејства да им додели и првична еднократна хуманитарна помош во висина од 100 000 денари по единица оштетен дом во мерка која не дозволува услови за престој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1