Ослепел од вотка – па прогледал од шише виски


65 годишниот Денис Дути ослепел од преголема конзумација на вотка која ја смешал со лекови за дијабетис. Прославата на педесетгодишнината на бракот на неговите родители, завршила кобно за Денис.


„Во првиот момент мислев дека се стемнило. Се обидував да го најдам прекинувачот за светло, но за кратко време го изгубив целосно видот”, изјавил Дути.
Денис се надевал дека ќе му биде подобро следното утро, но работите се влошиле и бил приморан да отиде во болница. Лекарите веднаш ја сфатиле сериозноста на ситуацијата и почнале да го подготвуваат за операција.

Работите биле толку сериозни што неговата сопруга ја советувале да се прости со него пред да влезе во операциона сала.
За време на операцијата, лекарите помислиле дека доживеал труење од формалдехид, кое може да се лекува со користење на етанол, силен алкохол кој може да се најде жестоките пијалаци, како што е вискито.

За жал, во болницата немале доволно етанол и лекарите морале да му дадат виски купено во локалната продавница. Вискито го вбризгале преку цевки во неговиот стомак.
„Се разбудив неколку дена подоцна и истиот миг ми се врати видот”, изјавил Дути.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1