Осло се подготвува за грандиозно доделување на Нобеловата награда за мир


На само 3 дена до големата церемонија, во главниот град на Норвешка веќе може да се почувствува свечената атмосфера надополнета со сјајот на божиќните светилки.

Голем број на претставници на европските градови, како германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти се веќе во Осло, во очекување на настанот. Директорот на Нобеловиот институт, Гер Лундестад, е среќен поради позитивните повратни одговори од водачите на ЕУ. Тој примил само 6 негативни одговори, меѓу кои и оној на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Поради присуството на огромен број претстаници на речиси сите 27 ЕУ земји, меѓу експртските кругови, често се говори дека годинешниот настан за доделување на Нобеловата награда за мир ќе биде речиси еднаков на Самит на ЕУ.

Токму поради важноста на настанот, Ословската полиција побара помош и од други специјални единици кои ќе бидат одговорни за задржување на мирот во градот.

Небото над Осло за време на церемонијата ќе биде празно. Сите авиони ќе мора да го заобиколат воздушниот простор на норвешката престолнина.

Сепак, според Лундестад, годинешната манифестација закажана на 10. Декември, од организациски аспект, нема да биде толку голема, како во 2009 година кога Нобеловата награда за мир му припадна на американскиот претседател Барак Обама.

Првата Нобелова награда за мир за прв пат е доделана во 1901 година. Од тогаш, па се до денеска златниот медал со ликот на Алфред Нобел ја добиле 124 лауреати. Златниот медал е дизајниран од познатиот скулптор Густав Вигелад чиишто огромен парк со скулптури познат како “Фрогнер парк” исто така се наоѓа во Осло.

Престижната Нобелова награда за мир низ годините ја добивале икони како Нелсон Мендела, Михаил Горбачов, Кофи Анан, Ал Гор, но и најпознатата скопјанка во светот Мајка Тереза.

Во средината на месец октомври, Норвешкиот комитет за Нобеловата награда за мир го објави добитникот на Нобеловата награда за мир за 2012 година. За многумина изненадувачки, но во одлуката стои “Нобеловата награда за мир за 2012 година ќе и припадне на Европската унија за повеќе од шест децениските залагања за унапредување на мирот и помирувањето, демократијата и човечките права во Европа”.

Веќе е позната дека Европската унија, ќе ја искористи наградата од 6,8 милиони долари за создавање фонт за децата погодени од војните.

Славицa Савеска Кењереш

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1