Африм Сулејмани кој беше уапсени во борбите меѓу полицијата и вооружената група во Дива населба во Куманово на 9 и 10 мај, е ослободен, jaвува Алсат
Според информациите на Алсат – М од судот, Сулејмани е ослободен во недостиг на докази. Неодамна, неговите роднини побараа ослободување на нивниот син, полицаецот Африм Сулејмани уверувајќи дека тој е невин и дека на денот кога се одвивале вооружените борби, Африм се подготвувал за да оди на работа.
Во првото соопштение објавено од Јавното обвинителство, беше наведено дека тој учествувал во групата на лицата кои служеле како логистика. Ослободувањето на Сулејмани уследи по пет и пол месеци по неговото апсење.
Во борбите во Дива населба беа убиени осум припадници на безбедносните сили и десет припадници на вооружената група, додека беа уапсени десетици припадници на вооружената група, објави Алсат.