Ослободителна пресуда попладнево донесе Основниот суд во Битола за Славе Даскаловски Чупето, кој беше обвинет дека пред три години учествувал во грабежот на 100 000 евра од под перница на бабата милионерка во Битола. Судот соопшти дека нема докази кои укажуваат оти Даскловски бил вмешан во овој криминален настан, пишува Дневни
Претходно за истиот случај тој беше осуден на десет годишна затворска казна, иако во својата одбрана тврдеше дека е невин и дека за време на кражбата го средувал паркот пред зградата за што имал очевидци.
Судската постапка трае веќе три години. На ослободителната пресуда и претходеше одлука на Врховен суд со која од предметот се отстрани записникот во кој бабата го препознава Даскаловски, како невалиден доказ зашто препознавањето било направено без присуство на бранител на осомничениот.
Бабата Марија Лукаровска во февруаеи 2011 година била ограбена во нејзиниот стан од тројца разбојници. Тие и заѕвониле на вратата и и рекле дека треба да и достават сметка за канализација. Срицата им отворила, а тие ја истуркале на каучот во дневната соба и и ставиле крпа во устата. Од плакарот со постелнина во спалната соба ја зеле заштеда на старицата од германска пензија и исплата на заробени девизи. Лукаровска и нејзиниот сопруг, кој починал пред неколку години, долго време работеле во Германија и земале германска пензија. Но парите ги чувала дома од страв повторно да не и ги зароби банката.
Иако беа тројца разбојници, немаше други осомничени или обвинети.
Дневник