,,Не можам да поверувам дека сум слободна” , изјави Асија Биби , која денеска беше ослободена ос смртна казна со бесење по одлуката на Врховниот суд во Пакистан.
Асија, која е христијанка , беше осудена за богохулење во 2010 . Таа осум години минала во самица во озлогласениот затвор во Мултана поради кавга за чаша вода.
Судијата нареди жената веднаш да биде ослободена, што предизвика бес кај верските фанатици , кои бараат бесилка за Асиа. Таа е мајка на пет деца и е осудена на смрт откако се скарала за чаша вода со муслиманка. Таа не сакала да се напие од чашата и тврдела дека Асиа е неверник и нечиста. По тоа следувала казна во која муслиманката и викала на Асиа да премине во Ислам , а таа наводно вратила со навреди кон пророкот Мухамед.
Жената била уапсена и морала да признае дека изрекла богохулење , откако била подложена на тешко тепање во полициската станица.
Нејзиниот случај одекна во целиот свет и за него се заинтересираа и Папата Бенедикт XVI , како и Папата Франциск.
Екстремната исламистичка партија по ослободувањето на Асиа , повика на смрт и за врховниот судија и уште за двајца судии , кои и ја поништиле смртната казна на жената.