Ослободените од заложништво во Сирија шпански новинари пристигнаа во Турција


Тројцата шпански новинари, кои во саботата беа ослободени од заложништво во Сирија, се префрлени на територијата на Турција, и најверојатно во недела наутро ќе пристигнат во Мадрид, пренесе во саботата ноќта агенцијата EFE повикувајќи се на извори во шпанската влада.novinari turcija sirija

Во саботата вечерта беше потврдено дека тројцата шпански новинари се ослободени од заложништво во кое минаа 9 месеци и 26 дена. Новинарот Антониот Памплиега, фоторепортерот Хозе Мануел Лопез и снимателот Анхел Састре се наоѓаа во Алепо, каде што се префрлиле преку блиската граница со Турција. Тие биле водени од преведувач Сириец, кога нивното возило било запрено од вооружени лица. Нивното исчезнување беше објавено ланскиот 21-ви јули, а подоцна беше утврдено дека репортерите биле грабнати на 12-ви јули.

Како што објави EFE, новинарите биле ослободени во саботата, а со нив веќе разговарала привремената вицепремиерка Сораја Сајнц де Сантамарија. Засега не е објавено од која група биле грабнати тројцата новинари, ниту за условите на нивното ослободување од заложништвото.

Триесет ипет-годишниот Анхел Састре, последните шест години работел во Латинска Америка за повеќе медиуми. Работел на репортажи за политичките ситуации, природни катастрофи и нарушување на човековите права во Аргентина, Мексико, Еквадор, Никарагва, Венецуела, Бразил, Перу, Чиле и Колумбија. Последната година се посветил на известувања за ситуациите во Сирија и Ирак, особено за хуманитарната катастрофа во двете земји, а на сириска територија веќе престојувал двапати.

Фотографот Хозе Мануел Лопез, 45-годишен, е познат по долгогодишните известувања од воените зони, за што е добитник на бројни признанија. Само неколку седмици пред грабнувањето Лопез ја доби престижната награда „Marco Luchetta“ за фотографија на сомалиски деца направена во Могадишу. За време на работењето во Сирија, Ирак, Јужен Судан и Сомалија, соработуваше со новинската агенција AFP. Неговите фотографии од невралгичните подрачја се објавувани во влијателните весници како The New York Times, The Guardian, Le Monde, El País, Der Spiegel.

Триесет итригодишниот Антонио Памлиега работел во зоните на конфликти од 2008 година. Добитник е на наградата за квалитетно известување „Premio de la Buena Prensa“, за серијата репортажи од Алепо објавени во еден од најтиражните светски весници El Mundo. Памлиега беше еден од првите странски новинари кои пристигнаа во Сирија по започнувањето на војната, во 2011 година. Потоа повеќепати се враќаше во оваа земја престојувајќи во речиси сите сириски региони. Покрај тоа, тој го отвори блогот „Му и војна“, посветен на терористичките активности на екстремната сунитска организација Исламска држава, во чиј фокус е човечката приказна на жртвите на конфликтот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1