Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека во саботата бил во јавен увид за употреба на Законот за употреба на јазиците и оти не се работи за инспекција.
Тој уверува дека ќе ја плати казната што му била изречена од МВР за зборување на мобилен телефон додека вози, посочувајќи дека тој би можел да ги предводи двете кампањи – првата, за употреба на албанскиот јазик и втората, за почитување на забраната за зборување на мобилен телефон додека се управува моторно возило.
Не се работи за инспекција бидејќи инспекција прават службите со записници и казни. Ова беше јавен увид за имплементација на закон во којшто сум учествувал и на кој работам за да се имплементира и такви јавни увиди прават политичарите, градоначалниците, министрите секој ден за реализација на проекти на градење на патишта… Тоа е најнормална процедура. Ги охрабрувам министрите повеќе да излегуваат од канцелариите бидејќи само на терен ќе ги добијат вистинските информации за тоа што го работат, рече Османи.